ВОДА ОД КОРИЈАНДЕР ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА И ЗА ИМУНИТЕТ За што сѐ се корисни овие мали семчиња
Освен она што го тврди традиционалната медицина, ефектот на коријандерот врз луѓето не е доволно истражен во модерната наука. Сепак, според досегашните студии, коријандерот може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и да го зајакне имунитетот. Исто така, ова растение е богат извор на антиоксиданти, па затоа е корисно за кардиоваскуларниот систем и за мозокот.
Водата од коријандер е традиционален тоник кој се добива со варење семки од коријандер или со натопување на семе од коријандер во вода.
Коријандерот е популарен зачин кој кај нас се додава во супи и други јадења. Исто така, коријандерот е и билка која се користи во медицински цели илјадници години во традиционалниот систем на Ајурведата. Водата од коријандер може да биде необичен, освежителен и хранлив пијалак во текот на целата година.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.