Во знак на протест за Аја Софија, грчка телевизија откажа турска серија

Овој потег на Турција предизвика откажување на емитувањето на турска серија, којашто требало секојдневно да се прикажува на АНТ1, според главниот директор за содржини на каналот, Џорџ Пофантис, без да го прецизира името на серијата.

868

Во знак на протест поради одлуката на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за претворање на Аја Софија во џамија, грчката телевизија Антена- АНТ1 реши да го запре емитувањето турски серии.

Овој потег на Турција предизвика откажување на емитувањето на турска серија, којашто требало секојдневно да се прикажува на АНТ1, според главниот директор за содржини на каналот, Џорџ Пофантис, без да го прецизира името на серијата.






Тој нагласи дека во креирањето на новиот распоред на емисии за летната сезона, се размислувало за прикажување на серија од соседната земја во текот на летото, но, по она што се случи во Аја Софија, тие се предомислиле и одлучиле „да ја скратат“.

Во изминатите 15 години, 55 различни турски серии го внесоа турскиот јазик во речиси секој грчки дом, со безброј часови за проекции кои покажуваат идеални слики на фантастична европска Турција што изгледа како вистински рај, рече Леонидас Кумакис од Меѓународната грчка асоцијација, објави Greek City Times.

Од 55 турски серии, 18 се емитувани на телевизијата АНТ1.

Минатиот петок во Аја Софија беше одржана и првата молитва во џамијата на која учествуваа претседателот Ердоган и неговите најблиски соработници, поради што сите христијанските симболи во објектот беа прекриени со завеси.

Претходно, Ердоган со декрет побара Аја Софија да стане џамија, поради што Државниот совет ја поништи одлуката донесена 1934 година со која објектот беше претворен во музеј.

 

Поврзани содржини