Во животот имавме среќа и тага, подеми, падови и мачно извојувани битки, освен последната…
Во нашите 45 години заеднички од во животот ќе биде сѐ, само здодевно не. Ќе има и подеми и падови и имање и немање, и солзи радосници и солзи тагувалки... и сите мачно извојувани битки, освен последната, најтешка, однапред изгубена ...онаа со подмолната болест“, вели за својата животна приказна со една од најпознатите скопски легенди, неодамна починатиот Љупчо Богдановски-Кљок, нашата најпозната модна новинарка и пионерка на манекенството, Снежана Богдановска-Сани, или накусо, како што многумина милуваат да ја викаат - Сани на Кљок
Познатата модна новинарка и некогашна манекенка, Снежана Богдановска-Сани, и нејзиниот сопруг Љупчо Богдановски-Kљок се една од најпознатите скопски двојки кои беа заедно цели 45 години, сѐ додека неодамна, поточно, на 20 мај, не ја изгубија битката со подмолната болест на Кљок, кој почина само три дена пред својот 66.роденден.
Неговите сакани, Сани и Анастасија, најблиските другари и пријатели го одбележале роденденот на Кљок на неговото почивалиште, во негов стил, пуштајќи ги снимките со „Леб и сол“ на кои тој свири усна армоника. И, се разбира, со неговата омилена Касато торта која Сани му ја правела често, а последните години, поради болеста, во изменета и поздрава, веганска верзија.
Освен датумот на смртта, три дена пред неговиот роденден, Сани ни посочи и некои други совпаѓања, како што е нејзиниот јубилеен роденден на 28.јуни кој се поклопил со одбележувањето на 40 дена од смртта на Кљок и исто така бил одбележан со торта чии свеќички наместо да ги дува, Сани ги оставила да догорат до крајот. Одбележувањето на 6 месеци од смртта на Кљок, пак, се поклопува со нивната годишнина на брак кој почнал во далечната 1986.година, после полни 13 години врска.
Сани се обиде да ја раскаже накусо нивната долга љубовна и животна приказна која е интересна и сама по себе, но и како спомен на едни убави минати времиња.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.