📽️ ВО ЖИВО: „СВОИ НА СВОЕТО!“ Свечена академија за 23 Октомври во МНТ
Со свечена академија во Македонскиот народен театар, насловена „Свои на своето!“, денеска се одбележува 23 Октомври – празникот посветен на македонската револуционерна борба и основањето на ВМОРО во 1893 година.
Во Македонскиот народен театар се одржува свечена академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, под мотото „Свои на своето!“.
На академијата обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.
Денот се одбележува во спомен на основањето на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) во Солун во 1893 година, со цел извојување автономија на Македонија и Одринско преку револуционерна борба.
Следете ја свечената академија во живо.