Во тек е акција за извлекување на автомобил кој паднал во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.
Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР поставуваат сајли за извлекување на возилото. Засега не се знае дали има луѓе во возилото.
Агенцијата МИА врши пренос во живо од извлекувањето.