Министерот за здравство Венко Филипче во 17.45 часот ќе оддржи прес конференција на која се очекува да ги соопшти резултатите од тестот за лидерот на СДСМ Зоран Заев дали е позитивен на коронавирусот. Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна самоизолација откако новинарот на Канал 5 Гоце Михајловски е хоспитализиран во „8 Септември“ поради зараза со ковид-19. Двајцата лидери во минатата недела имаа одделни интервјуа со новинарот Михајловски. Тестот за Мицкоски покажа дека тој е негативен на коронавирусот.