Само што почна протестот со возила на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој се одвива низ улиците на главниот град.
„Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270.000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиони евра за тренирање на хрватско магаре“, соопштија од партијата.