ВО ЖИВО НА ФЕЈСБУК ЈА ПРЕНЕСУВАЛА СОПСТВЕНАТА СМРТ Линда ги кажа овие зборови пред да се случи хорор (ВИДЕО)

Медиумите подоцна објавија дека сопругот и нејзиниот син во паника успеале да се качат на покривот, а подоцна биле спасени, додека Линда Алмонд немала толку среќа.

1,898

Линда Алмонд од Тенеси се удави во поплавите во време кога ги снимаше катастрофалните порои во живо на Фејсбук, во кои веќе дваесет луѓе го загубија животот.

Линда одлучи да ја сподели со своите следбеници ситуацијата што се случуваше околу нејзината куќа во Веверли, но немаше идеја дека тоа ќе бидат последните моменти во нејзиниот живот.






– Па, ако некој ме следи во живо на Фејсбук, во моментов ние во Веверли сме целосно поплавени. Ситуацијата е застрашувачка – Линда ги кажа последните зборови пред да ја однесе силен порој, кој во меѓувреме се проби низ пукнатините на нејзината куќа, пренесува New York Post.

Во одредени моменти се слушнал човек, за кој се претпоставува дека е нејзин син и не знаел дека неговата мајка ја снима сопствената смрт.

– Мислам дека нешто ја погоди куќата – рече човекот, пред да навлезе водата.

Во тој момент, со плачот на жената „Ох, Боже“, видеото беше прекинато.

Медиумите подоцна објавија дека сопругот и нејзиниот син во паника успеале да се качат на покривот, а подоцна биле спасени, додека Линда Алмонд немала толку среќа.

Нејзиното безживотно тело подоцна беше пронајдено недалеку од куќата, а телото го идентификуваше нејзиниот брат Лео Алмонд.

Најмалку 22 лица загинаа во поплавите во Тенеси.

Поврзани содржини