ВО ЖИВО КАКО ТЕЧЕ ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансабли и културно-уметнички друштва дефилираат во центарот на главниот град, по што ќе стартува и официјалниот дел од церемонијата, предвиден за 18:30 часот.

447

Со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ, попладнево пред Парламентот почна централното одбележување на јубилејот – 30 години независност на државата.






Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансабли и културно-уметнички друштва дефилираат во центарот на главниот град, по што ќе стартува и официјалниот дел од церемонијата, предвиден за 18:30 часот.

Официјалниот дел ќе почне со интонирање на химната на Северна Македонија од страна на Воениот оркестар, а потоа следуваат говорите на државниот врв. Обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

По обраќањето на премиерот, од 19.30 часот, почнува музичкиот дел со изведба на песна специјално аранжирана за оваа прилика и музички дел со познати солисти кои заедно со Националната филхармонија ќе изведат неколку антологиски забавни нумери.

 

Поврзани содржини