📽️ (ВО ЖИВО) АМЕРИКА ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ Трамп положи заклетва во Капитолот

Тука се и луѓето од кабинетот на Трамп, поранешниот претседателски кандидат Вивек Рамасвами и техномилијардерот Илон Маск, копретседателите на новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, исто така се во просторијата.

577

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД.

– Свечено се колнам (или потврдувам) дека верно ќе ја извршувам функцијата претседател на Соединетите Држави и ќе го зачувам, заштитувам и бранам Уставот на Соединетите држави најдобро што можам, ќе го зачувам, штитам и бранам Уставот на САД – рече Трамп во Заклетвата.






Претседателската заклетва на функцијата е наведена во член II, дел 1 од Уставот на САД. Заклетвата за другите федерални функционери, вклучувајќи го и потпретседателот, не е во Уставот. Конгресот ги создаде тие заклетви со статут.

Трамп го започна својот гово пред присутните.

Поранешните претседатели и први дами, вклучувајќи ги Бил Клинтон и поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон, како и Џорџ В. Буш и Лора Буш, почнаа да влегуваат во Ротонда на Капитол на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

На церемонијата освен луѓето од кабинетот на Трамп, поранешниот претседателски кандидат Вивек Рамасвами и техномилијардерот Илон Маск, копретседателите на новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, исто така се во просторијата.

На церемонијата присуствуваат и поранешниот американски претседател Барак Обама. Поранешната прва дама Мишел Обама минатата недела објави дека не присуствува на инаугурацијата.

Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден на црвен тепих ги пречекаа новоизбраниот претседател и новата прва дама Доналд Трамп и Меланија Трмап во Белата куќа. Традицијата е дека претседателот во заминување и новоизбраниот претседател пијат чај со првите дами, а потоа имаат приватна средба пред да се упатат кон Капитолот.

 

„На која книга Трамп ќе положи заклетва?“, е најчестото прашање денеска.

За време на неговата прва инаугурација во 2017 година, Трамп положи заклетва на истата библија што ја користел Абрахам Линколн во 1861 година. Користеше и друга библија, што му подарила неговата покојна мајка Мери Ен Меклауд Трамп.

Според медиумските извештаи, Трамп најверојатно и овојпат ќе ја користи истата комбинација: библијата на Линколн, плус библијата од неговата мајка.

 

Поврзани содржини