Во Женева се исплаќа највисокиот минималец во светот
Еден час работа отсега ќе се наплаќа 23 швајцарски франци, што е рамно на 22 евра, со што минималната месечна плата ќе изнесува 4.000 франци (3.736 евра).
Во Женева од овој месец ќе се исплаќа највисока минимална месечна плата на светот. Ова беше одобрено и на референдумот што се одржа во септември.
Еден час работа отсега ќе се наплаќа 23 швајцарски франци, што е рамно на 22 евра, со што минималната месечна плата ќе изнесува 4.000 франци (3.736 евра).
Женева, меѓутоа е и скап град.Изнајмување соба чини 1.000 франци месечно, здравственото осигурување е 500 франци за едно лице.
Новата минимална плата е обврзувачка за сите компании и работодавци не зашто владата ја наметна, туку зашто граѓаните ја предложија како „иницијатива на народот“. Тие собраа доволно потписи за свикување референдум, на кој иницијативата доби поддршка од 58% гласачи, чиј збор е конечен во швајцарскиот систем на директна демократија.
На ниво на држава, најголема минимална плата во Европа имаат Луксембург (2.200 евра), Ирска (1.700) и Холандија (1.650).