ВО ЗЕМЈАВА ИМА 10.615 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА Најмногу работници бараат трговијата и услужните дејности
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 %.
Вкупно 10.615 работни места во последниот квартал лани биле слободни или 2,14% од вкупниот број работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем број слободни работни места, 2.387, прикажале услужните дејности и трговијата.
Највисока стапка на слободни работни места од 4,39% има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде што се слободни 847 работни места.
Најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,09 % или само 7 слободни работни места.
Во преработувачката индустрија слободни се 2.482 работни места.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 %.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 %.
| Број на пополнети работни места | Број на слободни работни места | Стапка на слободни работни места (%) | |
|---|---|---|---|
| Вкупно | 484 385 | 10 615 | 2.14 |
| Рударство и вадење на камен | 3 966 | 53 | 1.31 |
| Преработувачка индустрија | 102 806 | 2 482 | 2.36 |
| Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација | 7 908 | 7 | 0.09 |
| Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината | 9 759 | 76 | 0.77 |
| Градежништво | 25 682 | 698 | 2.65 |
| Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли | 76 609 | 2 264 | 2.87 |
| Транспорт и складирање | 26 025 | 578 | 2.17 |
| Објекти за сместување и сервисни дејности со храна | 18 458 | 847 | 4.39 |
| Информации и комуникации | 20 814 | 437 | 2.06 |
| Финансиски дејности и дејности на осигурување | 11 595 | 99 | 0.85 |
| Дејности во врска со недвижен имот | 2 137 | 13 | 0.59 |
| Стручни, научни и технички дејности | 17 702 | 253 | 1.41 |
| Административни и помошни услужни дејности | 23 143 | 1 005 | 4.16 |
| Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување | 44 001 | 275 | 0.62 |
| Образование | 38 764 | 720 | 1.82 |
| Дејности на здравствена и социјална заштита | 37 947 | 374 | 0.98 |
| Уметност, забава и рекреација | 13 522 | 411 | 2.95 |
| Други услужни дејности | 3 546 | 22 | 0.62 |