Во здравствените установи лани се вработени 446 работници
Министерството за здравство соопшти дека 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.
Минатата година во јавно-здравствени установи низ државата се вработени 446 работници, информира Министерството за здравство.
Лани 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.
Од Министерството потенцираат дека во изминатите три години се дадени повеќе од 5000 согласности за вработување во јавно-здравствените установи и првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар со што тие се изедначуваат со статусот на нивните колеги.