ВО ЗАПОРОЖЈЕ Е ПОГОДЕН ОБЛАКОДЕР Гранати паѓале и врз спасувачите

359

Облакодер е погоден во областа Запорожје, соопштија Украинците.

Тие велат дека прво бил погоден облакодерот, а потоа дошле спасувачите. Потоа, додека траело спасувањето, велат, повторно бил удрен облакодерот.






Фотографијата од последиците ја објави шефот на Државната служба за вонредни состојби, Серхии Крук.

– За време на работата почна повеќекратно гранатирање, па спасувачите ја прекинаа работата на височината. За среќа, нема жртви – изјави тој.

Русија, пак, тврди дека нејзините сили нападнале воени воздушни бази во регионите Ривањска и Хмелницки и дека „сите цели биле погодени“.

„Во текот на ноќта руските вооружени сили извршија удари врз воздухопловните бази на украинските вооружени сили околу населбите Староконстијантинив во Хмелничката област и Дубно во Ривањската област“, ​​соопшти руското Министерство за одбрана.

Поврзани содржини