Во вулканите на Венера веројатно живеат вонземски бактерии

Дека на Венера има вулкани сугерираат и радарските слики кои ги направило леталото „Магелан“ на НАСА, кога ја прелетало планетата во 1990 година. Во фосфинот кој се создава од жешката магма, можеби живеат вонземски бактерии.

335

Вулкани на Венера кои урлаат и фрлаат фосфин гас можат да бидат сериозен знак за вонземски живот во форма на бактерии, сметаат американски истражувачи, пишува Футуризам. Кога се создава на Земјата, фосфинот е резултат на органски процеси и не постои причина зошто истото не би важело и за Венера. Бактериите се познати по тоа што можат да преживеат и на огромни температури,  каков што е пеколот на нашата планета-сосед.

Но, истовремено, друг тим од истражувачи од универзитетот Корнел, фрлил ладна вода врз таа хипотеза. Тие тврдат дека фосфинот е доказ за присуство на нешто сосема друго: експлозивна, вулканска активност – уште еден пресврт во десетгодишната потрага да се откријат многу мистерии на нашата соседна планета.






Дека на Венера има вулкани сугерираат и радарските слики кои ги направило леталото Магелан на НАСА, кога ја прелетало планетата во 1990 година. Необичните форми и геолошки карактеристички би можеле да се објаснат со присуство на магма и жешки ерупции.

– За жал, ние седиме тука со овие мали навестувања за вулканизам од сите овие докази, вклучително и фосфинот – изјави научникот Џонатан Лунин за New Scientist. – Не знаеме за што сѐ е способна Венера.

За среќа, и Европската вселенска агенција и НАСА неодамна објавија дека ќе лансираат вкупно три мисии за истражување на Венера во следните години. Можеби тогаш, ќе добиеме подобра идеја за тоа што се случува таму.

Поврзани содржини
na