ВО ВТОРНИКОТ ОТВОРИ ПРОФИЛ НА ИНСТАГРАМ И СОБРА МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ Во средата го избриша

Инаку, единствената личност која Џеј ја следеше на својот профил беше неговата сопруга Бијонсе, која му го возврати следењето на Инстаграм.

811

Еден од најбогатите музичари на светот Џеј Зи се откажа од Инстаграм само еден ден откако отвори свој профил на таа социјална мрежа. Пејачот во вторникот вечерта отворил профил на оваа социјална мрежа, а веќе наредното утро профилот е избришан.

Во текот на единствениот ден од своето постоење на Инстаграм, раперот собра армија следбеници – импресивни 2,4 милиони – но брзо одлучи дека тоа не е за него и го затвори својот профил.






Инаку, единствената личност која Џеј ја следеше на својот профил беше неговата сопруга Бијонсе, која му го возврати следењето на Инстаграм.

Џеј Зи се приклучил на платформата пред објавувањето на неговиот нов филм „The Harder They Fall“, споделувајќи го одбројувањето до неговата премиера на Инстаграм.

Инаку, Џеј Зи не е единствената славна личност која го отпиша Инстаграм набрзо по создавањето на профилот.

Минатата година, Сер Дејвид Атенборо го напушти Инстаграм точно два месеца откако се приклучи на платформата. Заштитникот на природата доби повеќе од 6,2 милиони следбеници откако го отвори профилот, со кој ги поттикна луѓето да преземат мерки за да се спречат климатските промени.

Кога се приклучи на социјалната мрежа во септември 2020 година, Сер Дејвид го собори рекордот за најбрз корисник кој достигнал милион следбеници – му беа потребни само четири часа и 44 минути за рекордот.

Сер Дејвид го собори рекордот на актерката Џенифер Анистон, која го доби посакуваниот милион за пет часа и 16 минути кога му се приклучи на Инстаграм во октомври 2019 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини