ВО ВТОРНИК НА 20 ЈАНУАРИ ПОЧНУВА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ Јаневска апелира да има што помалку одмори во текот на учебната година

1

Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.

– Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година. Апелирам до родителите, учениците да се редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат. Затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците, кои редовни ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати – вели Јаневска.






Таа во својот апел до родителите порача да престанат со праксата да ги оправдуваат часовите и да не им дозволуваат на своите деца одмори во текот на учебната година и како што рече „децата треба да се од првиот до последниот ден на училиште, освен кога државата заради некаква поголема сила ќе одлучи дека тоа не треба да се случи“.

Поврзани содржини