ВО ВТОРИОТ КРУГ СДСМ ЌЕ КОАЛИЦИРА СО ПАРТИИ ОД АЛБАНСКИОТ БЛОК Филипче најави дека ќе води позитивна кампања

Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат - истакна Филипче.

691

СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи со постојната коалиција, а за вториот круг можни се коалиции со партии од албанскиот блок, најави денеска лидерот Венко Филипче.

– СДСМ ќе настапи со најдобрите кандидати кои уживаат кредибилитет во своите средини. Тие се подготвени да излезат пред граѓаните со реални и остварливи програми, големи развојни планови за крупните општини и микро-планови за решавање на секојдневните проблеми во помалите средини – рече Филипче на прес конференција.






Претседателот на СДСМ изрази жалење што власта не успеала да обезбеди мнозинство за измените на Изборниот законик.

– Јас давам гаранција дека сите градоначалници на СДСМ ќе работат чесно и одговорно, со целосна поддршка и гаранција од мене и од партијата – изјави Филипче.

Тој најави дека СДСМ ќе води позитивна кампања.

– Ние нема да се спуштиме на тоа ниво. Ќе водиме добра, позитивна кампања. Ќе ги промовираме нашите кандидати и нашите добри политики. Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат – истакна Филипче.

Поврзани содржини