ВО ВРСКА СО СМРТТА НА ЈУТЈУБЕРКАТА КИКА Контроверзниот Бака Прасе приведен на сослушување

Младата јутјуберка и тиктокерка Кристина Кика Ѓукиќ (21) изврши самоубиство поради долгогодишното злоставување кое го трпела на социјалните мрежи.

2,027

Контроверзниот јутјубер Богдан Илиќ, или Бака Прасе, денеска е донесен во просториите на Одделот за Високотехнолошки криминал на МВР поради давање изјава за сите познати околности поврзани со смртта на младата српска јутјуберка Кристина Ѓукиќ, која го користела прекарот Кика на социјалните мрежи, пишува српски „Блиц“.

Специјалното обвинителство издаде барање до српското МВР да ги собере потребните информации и во врска со другите околности кои се важни за утврдување на целосната фактичка состојба во врска со трагичниот настан.






Засега тој е на распит во својство на граѓанин, а не како осомничен, а понатамошната истрага ќе утврди дали има врска со смртта на јутјуберката Кика.

Младата јутјуберка и тиктокерка Кристина Кика Ѓукиќ (21) изврши самоубиство поради долгогодишното злоставување кое го трпела на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Кика беше еден од омилените српски гејмери, јутјубери и инфлуенсери кај помладата популација. Родена е во Белград, имаше само 21 година, а во март 2015 година го лансираше својот канал на Јутјуб каде секојдневно објавуваше клипови во кои ја играла една од најпопуларните игри.

Кика пред две години беше цел на сурови и срамни напади на контроверзниот јутјубер Бака Прасе, кој со денови ја прозиваше во своите клипови на Јутјуб, но и како гостин во програмата на телевизија со национална фреквенција.

Кика на пошироката јавност ѝ стана позната кога влезе во вербален конфликт со Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе. Контроверзниот Јутјубер снимаше клипови за неа, ја прозиваше на сметка на нејзиниот физички изглед и ја нарекуваше со разни навреди, пишува српска „Нова“.

Српската јавност беше згрозена од наводните навреди кои ѝ ги упати Бака Прасе – остана нејасно дали кажувал лаги за нејзината здравствена состојба, велејќи дека оди на хемотерапија.

„Никогаш не сум одела на хемотерапија, ниту сум болна. Тој рече дека ќе ми се извини ако одам на хемотерапија. Јас го поставив прашањето: „Чекај, дали треба да одам на хемотерапија за ти да ми се извиниш?“, буквално рече дека е во ред да се навредува некого, бидејќи како мал имла комплекси затоа што бил слаб, одел во теретана и ги излекувал своите комплекси. Но, тоа не е во ред, бидејќи јас сум слаба и не можам да се здебелам. Некој има здравствен проблем и не може да ослабе, или не може да ја каже буквата „р“, оди кај логопед и не може да го реши проблемот. Не е во ред да навредувате туѓ физички изглед“, изјави Кика во споменатото интервју коментирајќи ја кавгата со јутјуберот во утринската програма.

Во октомври 2019 година, по расправија со Кика, Бака Прасе објави скандалозна и срамна песна наречена „Je l te nije blam“ во која најмногу ги навредуваше неа и нејзината мајка. Песната има речиси осум милиони прегледи на оние кои го величат интернетското злоставување.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини