Во време на пандемија, муслиманите ширум светот го дочекаа Фитер Бајрам

Во џамиите во земји ширум светот, вклучително и Индонезија, Пакистан, Авганистан, Турција, Малезија, Грузија, од верниците кои дојдоа на бајрам-намаз беше побарано да почитуваат голем број мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата.

351

Муслиманите ширум светот, во услови на пандемијата на коронавирусот го дочекаа првиот ден на Рамазански Бајрам, јавува Анадолија.

Во џамиите во земји ширум светот, вклучително и Индонезија, Пакистан, Авганистан, Турција, Малезија, Грузија, од верниците кои дојдоа на бајрам-намаз беше побарано да почитуваат голем број мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата.






Станува збор за мерки како што се почитување на физичкото растојание, употреба на заштитни маски и сопствени сеџаци (простирки за молитва) и земање адест во домовите.

Со слични мерки, Фитер Бајрам го одбележаа и верниците во регионот.

Поврзани содржини