Во време на корона продажбата на вотка во Русија скокна за 20 отсто

238

Во екот на светската здравствена криза предизвикана од новиот коронавирус, изолацијата и социјалната дистанца, минатиот месец е зголемена малопродажбата на водка и коњак во Русија за над 20 отсто, во споредба со истиот период лани, изјави претседателот на Националниот сојуз за заштита на потрошувачите, Павел Шапкин.

– На крајот на март се зголеми статистиката за малопродажбата на сите видови алкохолни пијалоци. За вотка и коњак – околу 20 отсто раст во однос на март 2019 година, за вино – 10 проценти, за пиво – пет отсто. Априлскиот раст на продажбата ќе биде значително поголем – истакна Шапкин.






Според него, ситуацијата со ширењето на новиот коронавирус може драстично да ја зголеми продажбата на алкохолни пијалоци поради две причини – прво поради консумирање, а второ како замена за антисептик.

Поврзани содржини