Во време на корона, излезе шведската крипто е-Крона

Со поддршка на официјалната влада, постои мал ризик од опаѓање, а сегашните услови на пазарот се совршени за инвестиции, коментира во едно интервју постар трговец кој сакал да остане анонимен.

851

Кога е ризично да допирате луѓе, а камоли пари, државите како Шведска прават свои државни криптовалути. Само 0,2 долари чини шведската е-Крона, која од денес е во оптек во земјата, а за да почнете да ја користите треба да вложите почетни 250 долари во вредност во вашиот е-паричник, пишува Bitnewspaper.

За првата државна дигитална валута во светот Швеѓаните нема да плаќаат никакви даноци, само за да бидат мотивирани да инвестираат во ова дигитално чудо кое според некои експерти може да го има истиот раст како што во моментов го имаат Биткоин (кој моментално е 32.786.24 долари) и Етереум (2.123.19 долари), достигнувајќи неверојатни 10 милиони долари.






– Невозможно е да ѝ се спротивставите на оваа можност за вложување. Тоа е првата дигитална валута поддржана од земја. Земјата има многу капитал и ликвидност, така што ова е шанса која не треба да се пропушти – вели М. Пастор, познат трговец со криптовалути.

Ќе биде ли Шведска светски економски лидер со оваа одлука? Секогаш кога некоја земја ќе објави дека ја поддржува дигиталната валута, нејзината цена ќе расте. Така растеше и паѓаше Биткоинот кога милионерот Елон Маск вложуваше или се повлекуваше од вложување во него.

Шведска е земја позната по своите дигитални револуции. Швеѓаните први го инсталирале автоматот за вадење пари од банка во 1967 кога бил измислен. Сакаат да плаќаат со мобилен преку апликацијата Swish која им дозволува да префрлат пари од својата сметка за да не ја носат кредитната картичка со себе цело време, а од неодамна можат да плаќаат и со QR код. Ќе успее ли Шведска целосно да ги замени хартиените пари?

Со новата децентрализирана е-Крона, сè ќе биде побрзо, а трансакцијата ќе може да се откаже ако некој се премисли. Но, дали тоа ќе биде доволна мамка за инвеститорите ако знаеме дека сепак трансакциите ќе бидат реализирани само преку брокери овластени од Владата? Зарем тоа не може да предизвика инфлација?

– Со поддршка на официјалната влада, постои мал ризик од опаѓање, а сегашните услови на пазарот се совршени за инвестиции. Главните берзански индекси се намалени, а многумина од нас се свртуваат кон е-Кроната за да добијат големи добивки. Ова е нашата шанса да вложиме рано и да не пропуштиме друга можност слична на биткоинот – коментира во едно интервју постар трговец кој сакал да остане анонимен.

Дополнително, е-Кроната може да го реши европско прашање за валидација на средства. Бидејќи сите податоци се зачувани на блокчејнот, европските банки брзо ќе можат да потврдат колку е-Крона поседува едно лице. Ова може да послужи кога лицето зема кредит, а не е кредитоспособно, за едноставно банките да добијат информација дали и како да му позајмат пари, а самите да не влезат во минус.

– Користејќи паметни договори обезбедени од дигиталната валута е-Крона, владата на Шведска ќе може да следи средства и обврски и да осигура дека повеќе заеми не се преземаат од истиот човек или фирма – вели постар истражувач на блокчејнот за Ројтерс.

Што е следно? Дигитално евро и веројатно крипто-рубља. По најавите на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, дека доколку во иднина ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт би ги легализирала крипто-валутите кај нас, Македонија добива можност прва на Балканот да се најде на мапата на земји кои веќе издадоа своја крипто-валута, како Кина, Сингапур, Тунис и Еквадор.

Но, ова друштво се зголемува од ден на ден. Неодамна, своја сопствена криптовалута најавија и Естонија, Јапонија и Палестина.

Поврзани содржини