ВО ВРАЊЕ ЛАЖЕЛЕ ДЕКА СЕ ВАКЦИНИРАНИ И ДОБИЛЕ ПОТВРДА, А ПОТОА СЕ ОТКРИЕНИ Две Македонки сега ќе платат по 510 евра хуманитарна казна

Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од тамошното Основното јавно обвинителство.

954

Две македонски државјанки ги доведоа во заблуда здравствените работници во Србија, успевајќи да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, јави дописникот на МИА од Белград.

Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од тамошното  Основното јавно обвинителство.






Станува збор за две  жени на возраст од 40 и 54 години, по лекарскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација ја напуштија Спортската сала, иако не беа вакцинирани.

Според Миодраг Стојановиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство во Врање, жените биле запрени на граничниот премин Прешево, кога биле уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани и казнети со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари (510 евра) секоја.

– Двете државјанки на Северна Македонија (54) и (40), од Скопје, дојдоа во Спортската сала во Врање, а потоа ги доведоа во заблуда здравствените работници за да им дозволат да ја пополнат согласноста за вакцинација против ковид-19, така што по медицинскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација се оддалечија од Спортската сала без да ја примат вакцината, по што беа запрени на граничниот премин Прешево, кога беа уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани, а по примената на принципот на опортунитет ја исполнија наложена основа со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари – соопшти портпаролот на Основното јавно обвинителство во Врање, Миодраг Стојановиќ.

Поврзани содржини