ВОЈВОТКАТА МЕГАН ГО ЗГРЕШИ УКРАИНСКОТО ЗНАМЕ Наслика жолта врз сина лента со четка (ФОТО)
Грешката на Меган е особено потресна со оглед на тоа што во последните неколку месеци таа заедно со принцот Хари постојано даваа коментари за украинската криза. Минатиот месец, двојката објави дека донирала пари за добротворни организации за поддршка на украинскиот народ.
Војвотката од Сасекс направи гаф викендов, откако беше фотографирана како со четка го слика украинското знаме наопаку, со жолтата лента врз сината, пишува Дејли Мејл. Меган Маркл(40) вчера им се придружи на семејствата на британските воени ветерани на игрите Invictus games, приватен настан кој се одржува во шатори во паркот Зуиде во Холандија.
Грешката на Меган е особено потресна со оглед на тоа што во последните неколку месеци таа заедно со принцот Хари постојано даваа коментари за украинската криза.
Минатиот месец, двојката објави дека донирала пари за добротворни организации за поддршка на народот на Украина.
– Слава Украина! – извика војвотката на игрите.
Таа врз лентите го напиша зборот „мир“.
It’s abbhorent. And don’t forget our little Meghan … Someone needs to help her Google the Ukraine flag please before she blames the Royal family for not providing any training. 🤣 pic.twitter.com/3vJ19QUgBM
— PrinceofWhalez (Parody) (@PrinceOfWhaIez) April 20, 2022
Меган потоа беше поканета на сцената да зборува. Таа рече дека сите „стојат со“ тимот на ветерани на Украина.
– Добра вечер на сите. Многу сме благодарни на Холандија што нè пречека и што беше домаќин на игрите – отпоздрави војвотката.
– За секој тим, мојот сопруг и јас признаваме дека е многу да се стигне до тука и физички и емотивно. Не помалку важно за тимот на Украина, со кој сите ние стоиме – додаде таа.
Меган седела на подот во круг со 12 возбудени деца на семејствата. Настанот бил организиран од британската амбасада во Хаг. Токму на фотките објавени од амбасадата се откри дека украинското знаме е насликано наопаку.