ВОЈВОТКАТА МЕГАН ГО ЛАЖЕЛА СВЕТОТ ЗА СВОИТЕ МЕМОАРИ Батлерот ја издаде нејзината тајна
Тајната на Меган ја откри нејзиниот поранешен асистент, Џејсон Кнауф, кој тврди дека од самиот почеток имала само една работа на ум – вниманието на јавноста. Со други зборови, Меган дала согласност за таблоидите да го објават писмото до нејзиниот татко Томас и биографијата „Наоѓајќи ја слободата“. Таа дури соработувала со писателите на книгата.
Меган Маркл, војвотката од Сасекс, лажела дека писмото што му го пратила на татко ѝ и нејзината биографија биле објавени против нејзината волја. Меган(40) отпрвин го доби случајот за рушење на нејзината приватност пред судот, но сега Врховниот суд ќе ја оспори одлуката. Таа денеска му се извини на судот затса што заборавила дека сепак дала согласност книгата и писмото да бидат објавени, но негираше дека го довела судот во заблуда, пренесува Нова.
Тајната на Меган ја откри нејзиниот поранешен асистент, батлерот Џејсон Кнауф, кој тврди дека од самиот почеток имала само една работа на ум – вниманието на јавноста. Со други зборови, Меган дала согласност за таблоидите да го објават писмото до нејзиниот татко Томас и биографијата „Наоѓајќи ја слободата“.
А што тврди Меган? Таа вели дека писмото што го испратила до Томас било приватно, „само за очите на нејзиниот татко“. Сепак, Апелациониот суд објави дека има докази дека Меган му рекла на својот асистент Кнауф, задолжен за комуникации, дека имала на ум „јавен увид кога му напишала писмо на својот татко“.
Меган намерно соработувала со авторите на книгата?
Исто така, нејзиниот поранешен соработник вели дека тесно соработувала со авторите на книгата „Наоѓајќи ја слободата“, биографија која започна нов бран откритија за заладените односи меѓу принцот Хари и Меган Маркл и кралското семејство. Делото им овозможи на читателите увид во животот и мислите на Меган и нејзиниот сопруг Хари. Тие се прикажани во позитивно светло, додека семејството Краина е означено како проблем кој ги избркал надвор од границите на Велика Британија.
Хари исто така ќе пишува мемоари и ќе ја открие вистината
Доколку се покаже дека Меган навистина учествувала во пишувањето на делото, тоа може дополнително да им наштети на веќе нарушените односи во семејството. Самиот Хари го најави пишувањето на свои мемоари во кои, како што вели, ќе ја открие вистината од негова гледна точка и ќе го наслика својот живот.
Татко ѝ доживеал срцев удар и не можел да присуствува на кралската венчавка
Војвотката успешно ги тужеше медиумите „Мејл он сандеј“ и „Мејл онлајн“ за објавување на дел од белешката, за што таа инсистира дека приватната кореспонденција била испратена до нејзиниот отуѓен татко откако тој доживеал срцев удар и не можел да присуствува на кралската венчавка.
Адвокатите на британските медиуми сега тврдат дека доказите што може да ги презентира Џејсон Кнауф претставуваат пресврт во овој случај, што може да го поткопа кредибилитетот на Меган Маркл.
– Далеку од тоа дека ова е интимно писмо само за очите на нејзиниот татко. Меган го напишала писмото знаејќи дека Томас може да им го открие на медиумите – рече Кнауф.
Вилијам и Кејт им го подметнале батлерот на Хари и Меган
Споменатиот Џејсон Кнауф сега работи за братот на Хари – принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Поради оваа причина, многумина веруваат дека тоа била саботажа од Вилијам и Кејт. Од таа причина и самото негово сведочење пред судот е доведено во прашање, но извори од палатата велат дека Кнауф е подготвен да ја сподели вистината со светот.
Таткото тврди: Хари и Меган прават сè поради популарноста
Таткото на Меган, Томас Маркл, е на мислење дека неговата ќерка се откажала од семејството, заради славата и дека сега го направила истото со Хари, принудувајќи го да се пресели во Калифорнија.
– Сосема јасно кажав дека ќе продолжам да се појавувам во медиумите додека не разговарам со неа. Ќе направам свое шоу ако успеам и на крајот, порано или подоцна, ќе почне да зборува со мене. Ова е премногу детско, некако глупаво, време е да разговараме еден со друг. Ние сме семејство – рече тој за ќерка си.
Тој се осврна и на мемоарите напишани од неговиот зет Хари, во кои најверојатно на виделина ќе бидат извадени на виделина разни пикантерии од кралската палата.
– Тоа е сурово. Да сака да ја навреди својата баба, Кралицата, е смешна идеја. Тоа ќе ѝ го направи на жена која има 95 години само за пари – изјави Томас.
Татко ѝ на Меган им посветувал повеќе внимание на нејзините полубрат и полусестра
Таткото исто така додаде дека и претходно се карал со Меган, најмногу поради интимноста што тој ја имал со нејзините браќа и сестри.
– Постојат неколку причини зошто таа ми беше лута во минатото, а едната беше што мислеше дека им обрнувам премногу внимание на нејзиниот полубрат и полусестра, сакаше да престанам да разговарам со нив, а јас тоа не го можев – вели Томас.
Запрашан дали има некаква комуникација со поранешната сопруга Дорија Рагланд, тој рече дека неколку пати неуспешно се обидел да стапи во контакт со неа.