ВОЈВОТКАТА МЕГАН КОНЕЧНО ГО ДОБИ СПОРОТ СО ВЕСНИКОТ „МЕЈЛ“ Не смееле да го објават приватното писмо до татко ѝ Томас

Адвокатите на Меган Маркл рекоа дека нејзиното писмо од август 2018 година до Томас Маркл е „многу лично“ и дека „разбирливо е дека требало да се чува во тајност“. Според судијата, сè е толку јасно што нема потреба од целосна расправа.

363

Војвотката од Сасекс Меган Маркл ја доби последната фаза од својата правна битка против издавачот на таблоидот Мејл во неделата, кој го тужеше за нарушување на приватноста бидејќи објавил писмо упатено до нејзиниот татко, пишува Би-Би-Си. Апелација го отфрли обидот судењето да се повтори и таткото да сведочи, што всушност, ќе ѝ заштеди многу маки во иднина.

– Штетата што ја направија и продолжуваат да ја прават е голема – изјави Маркл.

 






Судија на Високиот суд веќе пресуди во корист на војвотката претходно оваа година во случајот на нејзината приватност и авторски права. Тој рече дека сè е толку јасно што нема потреба од целосна расправа, а таа одлука сега е потврдена.

Адвокатите на Меган Маркл рекоа дека нејзиното писмо од август 2018 година до Томас Маркл е „многу лично“ и дека „разбирливо е дека требало да се чува во тајност“.

Поврзани содржини