Во вонредна состојба и медиумите имаат исклучително вонредна одговорност.
Сметам дека итно треба да се суспендираат сите отворени емисии во кои има директни вклучувања на граѓани.
Не може секој да има прилика да сее се и сешто.
Дополнително, секоја информација мора добро да биде проверена од главните и одговорни уредници и да биде уредена на начин кој ја намалува паниката и чувството на несигурност кај граѓаните, пред да биде пласирана.
(ФБ статус на авторката)