ВО ВЛАДАТА СЕПАК НЕМАЛО КОНСЕНЗУС ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ Министерството за правда останува на мислењето дека тие се противуставни

Владата се помачи да докаже дека предложените измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки биле усвоени едногласно на седницата од 16 јануари. Но, како може тоа да е точно, ако Министерството за правда и тогаш имало, а и сега останува на мислењето дека овој закон е спротивен на повеќе одредби од Уставот и од Европската конвенција за човекови права?

682

Министерството за правда не се откажало од негативното мислење за Предлог-закон0от за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, изјавиле од ресорот за порталотр МКД, по соопштението на Владата дека измените биле едногласно узвоени и испратени во Собранието.

 






ПРЕДЛОЖЕНИОТ ЗАКОН ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ КРШИ ДУРИ 11 ОДРЕДБИ ОД УСТАВОТ!

Гордан Калајџиев, професор на Працвниот факултет во Скопје, на Фејсбук пишува дека предложениот Закон за рестриктивни мерки крши дури 11 одредби од македонскиот Устав. Станува збор за членовите 8, 13, 14, 23, 30, 50, 52, 54, 98, 106 и 107.

Поврзани содржини