ВО ВИДЕО ОД НЕКОЛКУ СЕКУНДИ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА ЦЕЛОТО ЛИЦЕМЕРИЕ НА СДСМ Нема јака опозиција со вакви репрезенти, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Додека бившиот и сегашниот лидер на СДСМ организираат забави во странство, ВМРО-ДПМНЕ само за 4 месеци донесе неколку нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1.600 вработувања, реагира партијата на Христијан Мицкоски преку соопштение.
Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Зоран Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Откако СДСМ, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра. Во време кога Македонија се соочува со сериозни економски и социјални предизвици поради владеењето на СДСМ во изминатите 7 години, а народот мака мачи како да преживее до 1-ви во месецот, Заев и Филипче покажуваат раскалаштено однесување и воопшто не се загрижени за народот и состојбите во државата. Во време кога рејтингот на Филипче е 5% и тоне кон ниво на статистичка грешка, кога дури ни во сопствената СДСМ не знаат кој им е лидер, Филипче се забавува на скапи журки во странство и испраќа погрешна порака и слика во јавноста за приоритетите и вредностите кои треба да ги поседува лидер на партија. Јавноста треба да знае дека на СДСМ и Филипче воопшто не им е грижа за народот и животниот стандард на граѓаните, додека се обидуваат да ја замајуваат јавноста со безсмислени прес конференции“, информираше ВМРО-ДПМНЕ.
Нема јака опозиција со вакви репрезенти, се вели во реакцијата.
„Додека бившиот и сегашниот лидер на СДСМ организираат забави во странство, ВМРО-ДПМНЕ само за 4 месеци донесе неколку нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1.600 вработувања. ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова економска реалност. ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните“, се вели во соопштението.
Инаку, на социјалните мрежи деновиве осамна видео, на кое се гледаат актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче и поранешниот лидер Зоран Заев на забава која неодоливо потсетува на гранде журката на познатиот пејач Харис Џинови во ексклузивниот хотел „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври октомври годинава.