Во Велика Британија се отстрануваат уште статуи, по уривањето на споменикот на трговец со робови

Статуата на робовладетелот Роберт Милиган во Лондон ќе биде отстранета „што е можно поскоро“, во согласност со „желбите на локалната заедница“, изјавија официјални лица, пренесува Скај њуз.

623

Уште три споменици се отстрануваат во Велика Британија поради загриженост дека се расистички, откако демонстрантите соборија статуа на трговец со робови во Бристол.

Статуата на робовладетелот Роберт Милиган во Лондон ќе биде отстранета „што е можно поскоро“, во согласност со „желбите на локалната заедница“, изјавија официјални лица, пренесува Скај њуз.






Одлуката е донесена откако демонстрантите од движењето „Black Lives Mater“ (Животите на црнците се важни) кои протестираа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис во неделата, ја отстранија статуата на трговецот со робови Едвард Колстон од основата и ја фрлија во бристолското пристаниште.

Поврзани содржини