Во Велика Британија на принуден одмор се 15 проценти од работниците

Британската влада на 5 октомври воведе четиринеделен карантин и ги затвори рестораните, пабовите, продавниците кои не продаваат неопходни продукти и голем број други компании.

209

Уделот на британските работници кои се на принуден одмор скокна на највисоко ниво од крајот на јуни по воведувањето на привремените четиринеделни мерки за затворање низ Англија, поради вториот бран на епидемијата на коронавирусот, покажуваат денешните официјални бројки.

Компаниите објавија дека во просек 15 проценти од вработените биле на принуден одмор меѓу 2 и 15 ноември, за разлика од девет проценти во претходниот извештај за втората половина на октомври, соопшти Националното биро за статистика (ОНС).






Британската влада на 5 октомври воведе четиринеделен карантин и ги затвори рестораните, пабовите, продавниците кои не продаваат неопходни продукти и голем број други компании.

Министерот за финансии Риши Сунак планираше да ја укине програмата за субвенции за зачувување на работните места кон крајот на октомври, но вториот бран на коронавирусот го принуди да ја продолжи до крајот на март.

Поврзани содржини