Во Велес 57-те „Рацинови средби“ на 25 и 26 септември

Во состав на „Рациновите средби“ ќе се одржи Меѓународната научна конференција на која ќе се говори на две теми, 75 години современ македонски јазик, азбука и правопис и Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски

339

Во Велес градот на Рацин, годинашните 57-те „Рацинови средби“ ќе се одржат на 25 и 26 септември, информираше денеска велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

Во состав на „Рациновите средби“ ќе се одржи Меѓународната научна конференција на која ќе се говори на две теми, 75 години современ македонски јазик, азбука и правопис и Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски.






На свеченото отворање ќе има поетски митинг со учество на домашни и странски автори некои во живо, а некои ќе се обратат и со видео пораки, а меѓу нив има и врвни светски поетски имиња и добитници на признанието на Струшките вечери на поезијата.

– Првата вечер ќе биде завршена со етно концерт на познатата група „Синтезис“, а се што ќе биде организирано ќе биде согласно протоколите на владата односно на Комисијата за заразни болести за држење на предвиденото растојание, најави Коцевски.

Воедно ќе има и промоции на книги, а на свеченото затворање поетски перформанс „Колаж за Рацин“ ќе изведат актерите од Националната установа „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а потоа ќе бидат доделени Почесното Рациново признание за 2020 и Рациновото признание, а програмата ќе заврши со концерт на Градскиот Камерен оркестар.

– Научната конференција е предвиден во просториите на Општина Велес, а во Младинскиот парк на отворено, ќе се одржат останатите делови од програмата, ако за тоа дозволуваат временските услови – појасни Коцевски.

Поврзани содржини