ВО ЈУНИ СЕ ПОТРОШЕНИ 521.750 МЕГАВАТИ СТРУЈА Од увоз се обезбедени 28,6 отсто
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, 71,4 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство.
Во државава во јуни годинава вкупно се потрошени 521 750 мегават часови електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436 990 тони јаглен и 97 452 тони нафтени продукти.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, 71,4 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Вкупно 70,9 отсто од произведената струја е на термоелктраните.Хидроелектраните произвеле 24,5 отсто од струјата, а остатокот е на другите производители.
Во овој месец домаќинствата потрошиле 184.408 мегавати струја.