ВО ЈУЛИ СМЕ ТРОШЕЛЕ САМО ДОМАШНА СТРУЈА Производителите продале 460 гигават часови

На пазарот на електрична енергија се реализирани трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават часови, во кои ЕСМ учествува со најголем процент од 38,8%.

59

Во јули годинава продедени се 460 гигават часови електрична енергија за задоволување на севкупната потрошувачка во државата, без загубите, покажуваат податоцитете на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО.

На пазарот на електрична енергија се реализирани трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават часови, во кои ЕСМ учествува со најголем процент од 38,8% или со 214 гигават часови, а потоа следуваат независните производители со 192, односно 34,9%, виртуелни производители со 121 или 22%, и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 24 гигават часови, односно 4,3%.






-Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето-потрошувачката изнесува 100%, посочуваат од МЕМО.

Поврзани содржини