ВО ЈУЛИ ДОМАЌИНСТВАТА ПОТРОШИЛЕ 227.525 МЕГАВАТИ СТРУЈА Загубите во дистрибутивната мрежа се повисоки од произведената енергија од сонце
И овој месец термоелектраните произвеле најмногу струја 183.891 МWh. Следат комбинираните централи со 119 020 МWh и хидроелектраните кои произвеле 80.293 МWh. Соларни електрични централи произвеле 47.661 МWh, а ветерниците 24.006 МWh.
Во јули производството на електрична енергија ја надмина потрошувачката на овој енергенс во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци, вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 458.478 MWh, што претставува 8,8 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија која изнесувала 421 489 МWh. Повеќе од половина од потрошената струја или 227.525 МWh е на домаќинствата.
И овој месец термоелектраните произвеле најмногу струја 183.891 МWh. Следат комбинираните централи со 119 020 МWh и хидроелектраните кои произвеле 80.293 МWh. Соларни електрични централи произвеле 47. 661 МWh., а ветерниците 24.006 МWh. Биогасни централи, пак произвеле 3.606 МWh.
Во јули се увезени 114.930 МWh, а извезени се 151.919 МWh.
Интересен е и податокот дека во овој месец дистрибутивните загуби изнесувале 54.551 МWh што е повеќе од произведените количини на струја од сонце.
Во јули 2025 година, вкупната потрошувачка на природен гас изнесувала 25.599 милиони nm3 што е за 13,9% помалку д истиот месец лани и е резултат на намалената активност на когенеративните постројки. Овој месец вкупно се потрошени 357. 665 тони јаглен кој главно бил за производство на електрична енергија.
Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 14,1%.и таа изнесувала и 112.946 тони.