ВО УЧИЛИШНИОТ РАНЕЦ НОСЕЛА МАРИХУАНА Уапсена малолетничка во основно училиште во Кисела Вода

17-годишната малолетничка со дрога во ранецот е уапсена во дворот на основно училиште во Кисела Вода.

155

Во дворот на основно училиште во скопската населба Кисела Вода вчера е уапсена  17-годишна малолетничка кај која во ранецот е пронајдена марихуана.

„Полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода вчера лишиле од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана. Во присуство на родител, адвокат и инспектор, со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа го појаснила делото“- соопштија од МВР.






За случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини