Во Њујорк продолжено ограниченото движење до 13 јуни

Уредбата, потпишана од Ендрју Куомо го проширува ограничувањето на движењето за градот Њујорк и околината, најмногу погодени од епидемијата  на новиот коронавирус.

191

Гувернерот на сојузната држава Њујорк ја продолжи до 13 јуни наредбата за ограничување на движењето, што требаше да биде во сила до петок, освен за петте најмалку населени места во таа држава каде има 20 милиони жители.

Уредбата, потпишана од Ендрју Куомо го проширува ограничувањето на движењето за градот Њујорк и околината, најмногу погодени од епидемијата  на новиот коронавирус.






Во тој американски град се регистрирани повеќе од 20.000 смртни случаи од ковид-19. Петте најмалку населени области во државата може постепено да активираат економска активност, одлучи гувернерот.

Поврзани содржини