Во Тунис робот го контролира карантинот, бара и лична карта
Ако роботот забележи лице на улица, доаѓа до него и го прашува што прави надвор. Лицето тогаш треба да му покаже на роботот лична карта, така што полицајците кои го контролираат роботот можат да видат кој е.
За да обезбедат почитување на карантинот за време на пандемијата на коронавирус, властите во Тунис поставија полициски робот на улиците на главниот град .
Тунис е веќе две недели од националниот карантин поради пандемијата, а досега во таа земја починале 18 лица. Инфицирани се 495. Сите треба да останат дома, само излегуваат за основните работи – храна и лекови.