ВО ТРИ ГОСТИВАРСКИ ОПШТИНИ ЗАВШИ ПРВИОТ ИЗБОРЕН ДЕН Гласаа 198 граѓани
Во рамки на подготовките за утрешниот ден, од ОИК Гостивар потврдија дека планираната дезинфекција на избирачкиот материјал и на избирачките места е во целост спроведена и дека условите за гласање се обезбедени.
Во три гостиварски општини денеска гласаа 198 граѓани. Според податоците на општинските изборни комисии во Гостивар се одобрени барањата на 145 лица од претходно пријавените 179 граѓани. Во Врапчиште правото на глас го искористија 16 немоќни и еден гласач кој е во карантин, додека во општина Маврово-Ростуше гласаа 36 лица.