ВО ТОКИО СЕ РАСПАДНАВ Ѓоковиќ искрен во пресрет на дуелот со Зверев

Мечот Ѓоковиќ – Зверев е закажан за утревечер.

720

Олимпискиот шампион Александар Зверев ги сподели своите очекувања од претстојната средба со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на УС Опен.

– Пред натпреварот со Новак, се подготвувате да ја прикажете вашата најдобра игра. Треба да играте совршено против него, инаку нема да победите. Но, честопати не сте во можност да го одиграте совршениот натпревар, поради што секој губи од него толку често. Треба да ја изнудите победата од него, тој самиот никогаш нема да подари ништо. Со него треба да доминирате и да направите што е можно помалку неизнудени грешки – рече Зверев.






Германскиот тенисер објасни и на што мислел кога рекол дека победата над Ѓоковиќ во Токио му дала многу на психолошки план.

– Олимпијадата е најважниот турнир во светот. Изгубив сет и брејк од првиот рекет на светот, но излегов од критична ситуација и ја свртев играта. Беше необичен натпревар, доживеав уникатни емоции. Беше убаво да се освои медал за Германија. Сфатив и дека сум првиот во сезоната што го победи Новак во навистина важен натпревар за него. Тој не загуби од никого и освои неколку Грен слема по ред. Секако дека тогаш ќе добиете зголемување на самодовербата. Се надевам дека ќе можам да ја продолжам мојата успешна серија – додаде тој.

Мечот Ѓоковиќ – Зверев е закажан за утревечер. Србинот е прв, Германецот четврти носител на Грен слемот во Њујорк кој се игра за награден фонд од 57,5 милиони долари.

– Игрите во Токио лошо завршија за мене, бидејќи доминирав на турнирот до полуфиналето, но потоа сѐ се распадна. Зверев почна да ја чита мојата игра, да сервира, а јас почнав да се сомневам во моите удари. Имаше многу лесни поени, па комотно ме победи, а потоа го зеде златниот медал. Оттогаш нема загубено ниту еден меч. Тој игра многу добро тука во Њујорк, минатата година дојде на чекор до освојување на титулата, но загуби од Тим. Знам дека ќе биде тешко, подготвен сум да се борам. Тоа се рани што морам да ги надминам и да го ставам моето тело во позиција да можам да победам. Ова е полуфинале, ќе видиме што ќе се случи – изјави Ѓоковиќ.

Србинот утринава во четвртфиналето беше подобар од Матео Беретини со 3-1 во сетови.

Поврзани содржини