Во Токио рекорден број на нови случаи, во Шпанија 832 починати за еден ден

549

Во Токио денеска се потврдени повеќе од 60 новозаразени лица со Ковид-19, што претставува најголемиот број пациенти во еден ден.

Во средата беа потврдени 41 случај, а потоа бројот на инфицирани со новиот коронавирус се движеше околу 40 дневно.






Досега во Токио регистрани се 299 лица со Ковид-19, но се очекува вкупниот број на заболени да се искачи на повеќе од 350.

Бројот на починати од последиците на новиот коронавирус во Шпанија во текот на ноќта изнесува 832, соопшти Министерството за здравство.

Во Шпанија 72.248 луѓе се позитивни на Коивд-19, додека вчера нивниот број изнесуваше 64.059.

Вкупниот број на смртни случаи во Шпанија е 5.690.

Бројот на потврдени случаи со новиот коронавирус во Русија во последните 24 часа се зголеми за 228 и се искачи на 1.264.

Ковид-19 е потврден во 62 руски региони, а само во Москва се пријавени 114 новозаболени.

Додека Штабот за превенција од ширењето на новиот коронавирус соопшти дека оздравеле 49 луѓе, а едно лице починало во Москва.

Во Русија досега како последица од Ковид-19 починале четири лица

 

Поврзани содржини