ВО ТИМОТ СЕКОЈ Е ВАЖЕН Петровски им порачува на младите бизнисмени да се потпираат на стручните колеги

Петровски е еден од предавачите на модулот Практични аспекти на работењето на малите и средни бизниси во рамки на Советот за високо образование и стратешки истражувања.

465

Советот за високо образование и стратешки истражувања му помага на стопанството и не е замена за високото формално образование, туку преку него ќе се настојува со практична настава да се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење бизнис, вели за „Фокус“, Иван Петровски, генерален менаџер во „Фершпед“ и член на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија.

Петровски е еден од предавачите на модулот Практични аспекти на работењето на малите и средни бизниси во рамки на Советот за високо образование и стратешки истражувања.






Главната порака што ја испраќа до младите лидери е дека во тимот секој е важен, а без стручен тим, тим од доверба, не може да се оди напред. Потребата да се размислува стратешки, да се биде постојано блиску до потребата на корисникот на производот или до корисникот на услугата е посебно важно бидејќи покрај цената и квалитетот, размислувањето за проблемите на партнерите и пронаоѓање решение е многу важно за добивање и задржување на клиентите.

– Иницијативата на Стопанската комора е одлична. Мислам дека искусните менаџери и институциите за високо образование мора да работат во синергија за да функционира размената и споделувањето на практичните искуства и знаења. Тоа ќе придонесе за учење на вештини кои се повеќе од потребни и неопходни во денешно време за работење – вели Петровски.

Поврзани содржини