ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА КРИТИЧНО Починаа 5 пациенти, а стасаа 14 нови
На болничко лекување во Ковид-центарот во тетовската болница има 123 лица. Од нив само 3 биле вакцинирани со 2 дози.
Пет пациенти од ковид-19 во болницата во Тетово починале, а 14 нови пациенти се примени на болничко лекување во последните 24 часа, информираше д-р Гзим Нуредини од Ковид-центарот.
Најмладиот починат е на околу 49 години. Болницата нема точна анамнеза и информација дека имал хронична болест.
– Имаме примено на болничко лекување и млади лица од 35 до 45 години. Се уште алармот е на црвено и болеста ги фаќа и младите. Бројот на амбулантски прегледи е висок, што значи дека ќе има уште многу приеми – изјави д-р Нуредини за ТВ21.
На болничко лекување во Ковид-центарот во тетовската болница има 123 лица. Од нив само 3 биле вакцинирани со 2 дози.