Во Тетово угостителски објекти работат и после полноќ

350

Тетовската полиција и Државниот пазарен инспекторат ноќеска десетина минути по полноќ при контрола на улицата „29 Ноември“ увиделе дека работи угостителски објект, иако согласно прописите во време на епидемијата овозможено е работење на локалите само до 22 часот.

Во координација со инспекторатот биле извршени контроли во 11 угостителски објекти.






– Полициски службеници го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец А.И., чиј угостителски објект без фирма на улица „29 Ноември“ во Тетово бил отворен и работел и во кој престојувале гости. По целосното расчистување и документирање на случајот против А.И. ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија – истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тетовската полиција продолжува со казни за луѓето кои не се придржуваат до мерките за превенција од коронавирусот.

– Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (16/17.06), за неносење заштитни маски на 57 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба – рече Јосифоски.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 73 лицa додека биле контролирани 615 лица со вакви решенија. Во изминатото деноноќие, исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 10 лица, а контролирани биле 130 лица со потпишани изјави за самоизолација.

Поврзани содржини