ВО ТЕТОВО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ Тетовци се заразуваат и со грип и со ковид

Во рок од 24 часа имаше 70 контроли направено, но повеќето од нив се со лесна клиничка слика. Најмногу се со симптоми на грип, а на инфективно одделение се само седум пациенти и сите се на кислородна поддршка, изјави д-р Хасан Илјази, од Клиничка болница - Тетово.

230

Се повеќе жители од тетовскиот регион бараат лекарска помош во инфективното одделение како сомнителни случаи со ковид-19. Ако пред една недела имало 30 прегледи и контроли, за изминативе 24 часа таа бројка е 70. За среќа мал е бројот на хоспитализирани.

-Од почетокот на Новата година бројот на заразени релативно е зголемен. Во рок од 24 часа имаше 70 контроли направено, но повеќето од нив се со лесна клиничка слика. Најмногу се со симптоми на грип, а на инфективно одделение се само седум пациенти и сите се на кислородна поддршка. Четири лица од тие седум имаат две дози на вакцини, но имаат и други компликации, како дијабетес и кардиоваскуларни болести. При јавување на симптоми апелирам да се јавуваат кај матичен лекар за натамошно лекување – изјави д-р Хасан Илјази, задолжен за комуникација со медиуми при Клиничка болница Тетово.






Според Илјази за ковид-центарот сега се користи само инфективното одделение додека во случај ако се зголеми бројот на заразени првиот и вториот кат од интерното одделение се подготвени за дополенителен број хоспитализации.

Поврзани содржини