ВО ТЕПАЧКА НА ДЕЦА СЕ ВКЛУЧИЛЕ И ВОЗРАСНИ Државен правобранител ја „делел“ правдата во Струга

Едно од децата се здобило и со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.

338

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 17.08.2023 година, кај луна-парк на улицата Партизанска, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка.






Се вклучиле родители на двете деца и други роднини од двете страни, а физичката пресметка кулминирала така што едно од децата се здобило и со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.

Еден од обвинетите во моментов извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.

Поврзани содржини