ВО ТЕК СЕ УПИСИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ХАЈДЕЛБЕРГ Сите имаат корист од дуалното образование
На студиската програма Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг има место за 30 студенти, исто колку и на студиската програма Податоци и компјутерски науки.
Пазарот на труд во Македонија со години се соочува со извесен парадокс: компаниите бараат млади кадри со искуство, додека студентите дипломираат без практични вештини што веднаш можат да ги применат. Оваа празнина меѓу теоријата и праксата не е само личен предизвик за младите, туку и стратешки проблем за економијата. Решението, како што покажува германското искуство, лежи во дуалното образование.
Германски модел – македонска перспектива
Дуалното образование не е нов концепт во Европа, но за Македонија претставува вистинска револуција. Toa комбинира академска настава со практична работа во различни компании, овозможувајќи им на студентите да учат и во исто време да градат кариера. На овој начин, дипломците веќе при излегување од факултет имаат стекнато работни навики, вештини и контакти што ги прават конкурентни на пазарот на труд.
Токму оваа формула ја спроведува Хајделберг Факултет во Скопје, кој го донесе германскиот образовен модел во Македонија. Со тоа, младите повеќе не мора да заминуваат од земјата за да се стекнат со европско образование и германска диплома.
Компаниите и факултетите се партнери, а не паралелни светови
Она што го прави Хајделберг уникатен е системот на партнерства со компании. Студентите уште од прва година се вклучуваат во пракси, каде што се соочуваат со реални задачи и работни процеси. На тој начин, компаниите добиваат млади луѓе што веќе го разбираат системот на работа, а студентите добиваат искуство и финансиска независност.
Овој пристап ја менува бизнис климата: наместо да чекаат години за да добијат подготвена работна сила, компаниите директно учествуваат во нејзиното создавање. Истовремено, се гради нова култура на соработка меѓу академијата и економијата.
Иднина во која сите добиваат
Бенефитите од дуалното образование се многубројни. За студентите тоа значи кариера уште за време на студиите. За компаниите е сигурен извор на квалитетен кадар, додека за државата значи задржување на младите во земјата и градење економија што почива на знаење и на иновации. Оттаму, Хајделберг покажува дека европските стандарди може да се изградат и дома и дека дуалното образование не е само академски концепт, туку формула за нова, поразвиена и поконкурентна Македонија.
Конкурсот за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), за учебната година 2025/26 година веќе е во тек, а голем број од местата се веќе пополнети.
На студиската програма Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг има место за 30 студенти, исто колку и на студиската програма Податоци и компјутерски науки.