ВО ТЕК СЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ Комерцијална банка преговора со повеќе инвеститори

239

Комерцијална банка информира дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот Еуроникел, кои сега се во сопственост на Банката.

Поради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.






„Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на Еуроникел ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес.

Комерцијална банка особено истакнува дека евентуалното отворање стечајна постапка врз Еуроникел нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на Банката врз преземениот имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања“, се наведува во соопштението од Банката по интересирањата на медиумите за текот на постапката за продажба на имотот и опремата на Еуроникел.

Поврзани содржини