Во тек се подготовки за третата трансплантација на срце
Утрово во 6:33 часот започнал процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја. На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези.
Во тек е експлантација на срце од мртов донор, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.
Експлантацијата ја прават кардиохирурзите д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно нивните колеги од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршиле експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти.
„Да се надеваме на успех и да им држиме среќа“, напиша Филипче.
Тој додава дека утрово во 6:33 часот започнал процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја. На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези.
„Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.