Во тек е уплатата на 6.000 денари на трансакциските сметки на граѓаните

Владата информира дека за многу мал дел од вкупниот број на граѓани, за самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и исплатени до крајот на оваа недела.

476

На сметките на граѓаните вчера и денеска се уплатени 24,6 милиони евра, со кои се поддржуваат ранливите групи на граѓани со 6.000 денари, информира Владата која очекува со мерката да бидат опфатени над 280 илјади граѓани.

Средствата, дополнуваат од Владата, се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.






Оттаму информираат и дека за многу мал дел од вкупниот број на граѓани, за самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и исплатени до крајот на оваа недела.

– Дополнително, приговорите кои стигнуваа до Генералниот секретаријат на Владата активно се разгледуваат. За граѓаните чии приговори се прифатени, нивните податоците ќе бидат ажурирани и објавени на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk. Поддршката насочена кон најранливите групи на граѓани и покрај сите опструкции од опозицијата во Собранието и одолговлекувањето при носење на Законот за финансиска поддршка на ранливите групи на граѓани, навреме ќе стигне на сметките на граѓаните – велат од Владата.

Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27-ми септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки.

Поврзани содржини